(Видео) Романскиот авион “Cпapтан” на дело – Погледнете како изгледа кога ги иcпyшта 6-тонските водни бомби

Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари, денеска дејствуваше над с. Раовиќ Општина Сарај.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека авионот испуштил 6 тонски кеси со вода во форма на падобран бомба кои се распрскуваат врз огнот.

На терен се тимовите на ДЗС со 13 лица, Доброволното ПП друшто Бајрам Мифтари со 5 пожарникари и 22 припадници на армијата.

Утринава од Центарот за ушравување со кризи информираа дека пожарот над селото се дели на два крака, едниот е насочен кон Матка додека другиот оди далеку над селото Раовиќ, на многу непристапен терен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.