(Видео) Рибар појде да го провери уловот и доживеа изненадување: Во мрежата имаше “чудовиште” од 4 метри

Тајланѓанецот Чалерм Нукаев (34), како и секое утро, заминал да провери колку краби завршиле во неговата мрежа.

Меѓутоа, кога ја извлече мрежата, виде дека нешто не е како што треба и во неа здогледа огромен питон.

Змијата беше долга 4 метри. Набрзо дојдоа и обучени лица кои ја земаа змијата и ја пуштија назад во дивината.

“Со години ловам овде и никогаш не сум фатил змија. Бев изненаден, но мило ми е што нема последици”, рече рибарот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.