Осумгодишната Ларија и нејзината баба Марија веруваат дека конечно имаат доказ дека има нешто во длабочините на Лох Нес.
Ученичката Ларија Ананд снимила видео додека била во посета на нејзината баба Марија, на кое се гледа како некое големо суштество прска вода околу себе во езерото.
Тие велат дека забележале чудно движење во водата и одблесок од светлина од долг неидентификуван објект и покрај тоа што во близина немало ниту бродови, ниту луѓе.