(Видео) Решена големата “кopoна мистepиja”: Еве зошто луѓето на почетокот панично купуваа тоалетна хартија

Луѓето кои беа загрижени од полиците на супермаркетите ја купија целата тоалетна хартија, како би се снабдиле за време на пандемиjaта, заклучија во петокот швајцарски и германски научници.

“Луѓето кои се чувствуваа во поголема опасност, имаа склоност да ја купат целата тоалетна хартија”, напиша тимот предводен од Лиза Гарбе од швајцарскиот универзитет во Сент Гален во истражувањето објавено во публикацијата “PLOS one”.

Научниците од универзитетот во Мунстер и од Институтот за еволуциона антропологија “Макс Планк” во Лајпциг, дојдоа до заклучокот дека паничното купување го предизвикуваат неколку околности.

“Луѓето кои генерално се грижат многу и кои се плашливи, повеќе чувствуваат опасност и купуваат голем број на непотребни продукти”, напишаа авторите на истражувањето.

Произведувачите потврдуваат дека продажбата на тоалетна хартија пораснала за 700% на почетокот од пандемиjaта. Но каде исчезна хартијата, остана мистерија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.