(ВИДЕО) Речиси 400 литри вино се излеа во река во Калифорнија

Повеќе од 97 илјади галони (околу 370 илјади литри) црно вино истекло од големи буриња од една винарија и завршило во река која се влева во Тихиот Океан северно од заливот во Сан Франциско.

Станува збор за количина на црно вино со која би можеле да се наполнат осум големи цистерни.

-Засега нема извештаи за помор на риби, но киселоста на виното веројатно ќе ги убие инсектите со кои се хранат рибите, изјави извршниот директор на компанија за заштита на реки Дон Мекенхил.

Претставници на винаријата за Си-Ен-Ен рекле дека спроведуваат внатрешна истрага и соработуваат со надлежните органи.

– Длабоко сме загрижени и правиме се што е во наша моќ за да ги заштитиме водните патишта, изјави портпарол на винаријата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.