Српската пејачка Марија Шерифовиќ се вкличи во живо на Инстаграм и ги забавуваше своите фанови.
Марија пееше познати песни од целиот регион, а во моментот кога ја пееше српската песна “Пукни зоро” во кадарот на се вклучи Новак Ѓоковиќ. Фановите беа изненадени и воодушевени што ги гледаат двајцата во ист кадар.
„Сфаќам дека ова никој не го очекуваше. Добра ли е песнава? Новак, добар ли си?“, му се обрати Шерифовиќ на Новак.
-Се распеав овде во теретаната. Секој на своето работно место. Ти благодарам. Супер сум, ми ја разубави вечерта. Во Шпанија сум моментално, рече Новак.