Крокодилите во Мексико за прв пат по неколку децении започнаа да излегуваат на плажите, бидејќи луѓето се повлекоа во своите домови поради пандемиjaта.
“Кога нема многу луѓе, крокодилите ги поставуваат правилата”, пренесуваат мексиканските и американските медиуми.
Популарната дестинација за екотуризам, лагуната на плажата Вентанила, е дом на многу крокоди кои до сега се криеја од посетителите кои доаѓаа да ги снимаат со туристички бродчиња.
En Ventanillas, Oaxaca, fueron captados cocodrilos en la playa, esto debido a que desde hace un mes que los turistas y los pescadores se han alejado de esta ruta, PM pic.twitter.com/0T8ahRk6pV
— 88.9 Noticias (@889Noticias) April 14, 2020
Но сега кога туристите се повлекоа во своите домови, крокодилите често може да се видат на плажите, а една од фотографиите на која може да се видат пет крокодили го обиколи целиот американски континент.