Песочни плажи и топла вода во текот на цела година, езерото Салтон во Калифорнија некогаш било совршено место за одмор.
Тука летувале луѓето од холивудската елита, меѓу кои Рок Хадсон, Фенк Синатра и Џери Луис, кои имале сопствени јахти на ова езеро. Бизнисот цветал – имало голем број на мотели, хотели и казина.
The abandoned Salton Sea Resort is a ridiculously rad post-apocalyptic wasteland https://t.co/fn5LTm7Cko pic.twitter.com/ODfu4jnHx3
— Roadtrippers (@Roadtrippers) June 15, 2018
Меѓутоа, денес ова езеро се опишува како еколошка катастрофа. Настанало случајно во 1905 година кога се излеала реката Колорадо.
Проблемот станал видлив во седумдесеттите години, првенствено поради пестицидите на околните фарми кои ја загадувале водата.
Во лето кога температурата достигнува повеќе од 40 степени, на Солтон езерото има силен мирис, кој е неподнослив за луѓето.
Како што се суши езерото, така се појавува и нова опасност – токсична прашина се разносува насекаде.