Стартува Европското првенство во Полска. Денеска со почеток од 18:00 часот, повторно ќе истрчаат нашите лавови, ќе докажат по којзнае кој пат како се игра за државното знаме и буквално како се гине на терен за црвено -жолтата боја.
Отвораме со фаворизираната Франција, која се надеваме дека ќе биде растеретена на овој натпревар и која на некој начин е ослабена во играчки кадар за ова Европско првенство. Меѓутоа Триколорите се секогаш најдобри, тие се врвот на ракометна Европа.
Кире Лазаров и другарите не се плашат и ќе се обидат да ни ги стоплат срцата и за ова првенство, подарувајќи ни нови победи, победи за Македонија !