Младите ракометари на Хрватска учестуваат на Светското првенство во Шпанија каде пред мечот против Португалија спикерот ги најави како Срби.
-А сега е време за химната на Србија. Овој момент, химната на Србија- рече спикерот, а потоа следуваше реакција од клупата на хрватската репрезентација.
Некои хрватски ракометари ја спуштија раката од градите, па настана молк во салата. По неколку секунди спикерот сфати дека направи грешка и се извини.
Слушнете ја реакцијата на хрватскиот коментатор по интонирањето на химната:
Spiker u Dvorani Pomešao Hrvatsku sa Srbijom pic.twitter.com/ZW79xvOJhd
— Drustvene mreze (@drustvenidrug) July 23, 2019