Тијо Сатрио (11) од Индонезија роден е без екстремитети, но тоа никако не го спречило да се движи и да биде самостоен. Тој си овозможил себе си целосно исполнет живот.
Пронашол начин да ужива во омиленото хоби. Со помош на лицето управува со компјутерот и може да им парира на соиграчите.
Депресијата и несигурноста кои ги стекнал во текот на детството го натерале да не сака да оди во школо. Но бидејќи е силна личност тој ги поминал сите препреки и продолжил понатаму.
-Нивото на неговата интелегенција е поголемо од децата на негова возраст. Би можел да оди две одделенија повисоко од неговите врсници, вели неговиот лекар.
Ф.Г.