(Видео) РАБОТЕТЕ БРАЌА: Ниту Путин, ниту Трамп – овој полицаец е личност на годината во светот!

Рускиот полицаец од Дагестан, Магомед Нурбагандов (31) е прогласен од многу руски медуми за личност на годината – него го убија терористи на ИСИС откако одби да се откаже од полицијата и државата во која живее

policaec_dagestan-768x530

Терористите кои го заробиле Могамед во Дагеста, заедно со неговиот брат сурово беше убиен во шумата, откако му испалиле куршум во глава. Сето тоа терористите го снимиле на камера поради пласирање на исламистичките сајтови.

Магомед со неговиот брат Абдурашид се заробени и ограбени. Еден од милитантите му ги видел документите и полиската значка на Магомед поради што двајцата се погубени.

Убијците го тераа да им порача на колегите да дадат отказ од полицијата, на што тој одговори „Браќа, продолжете со работата!“.

Потоа терористот му пукаше во глава.

Рускиот претседател Владимир путин го одликуваше постхумно во септември минатата година.

Медиумите во Русија наведуваат дека смртта на Нурбагандов го направила бесмртен. Ќе остане запаметен како полицаецот кој ладно го одби барањето на терористите и покрај смртната закана. Беше на колена, со врзани раце, а во грб го чекаше смртоносниот куршум но не прифати да го каже она што го бараа од него!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.