Рускиот претседател, Владимир Путин, забележал капа на подот минувајќи покрај палестинската почесна гарда, за време на посетата на Палестина.
Путин запрел, ја кренал капата и му ја стави на офицерот на глава.
„Претседателот Путин изрази почит кон палестинската гарда“, го коментарираше настанот личниот фотограф на претседателот на Палестина Махмуд Абас.
Снимката на социјалните мрежи се прошири со брзина на светлината, а за овој потег Путин доби голем број позитивни реакции кај арапските народи.
В Палестине восхищены Путиным: он поднял упавшую фуражку офицера караула. Видео фотографа Аббаса распространяется в арабском мире со скоростью нового коронавируса pic.twitter.com/gQtrkL0Zjo
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) January 24, 2020