(ВИДЕО) ПРОНАЈДЕНА “ПЕШТЕРАТА НА АЛАДИН”: Вредноста на златото на потонатата шпанска галија е 17 милијарди долари – следи “тепачка” околу сопственоста !

Шпанскиот брод кој потонал во Карипското море недалеку од брегот на Колумбија пред повеќе од 300 години, пронајден е пред три години со помош на подводно автономно возило кое го управувал Океанографскиот институт ВУДС ХОЛ.

“Не зборувавме за тоа од почит кон колумбиската влада”, изјави Роб Муниер, потпретседател на WHOI – институт за морски објекти и операции.

Точната локација на остатоците на бродот “Сан Хосе” често се нарекува “свет грал”. Ова богатство се смета за една од најголемите поморски мистерии, пренесува “АП”.

“Сан Хосе” за време на битката со британските бродови во време на Војната за шпанското наследство, 8 јуни 1708 година, потонал со 600 патници и членови на екипажот, како и со злато, сребро и смарагди.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.