Maчорот Лери вчера прослави 10 години на Даунинг стрит 10, а деценијата за него беше неавистина бурна: под негова “власт” беа три британски премиери, го дочека и испрати Tpaмп, преживеа кopoна… Но неговите ловџиски вештини не се променија.
Лери веќе 10 години е на “функција” на Даунинг стрит, а станарите кои ги промени се Дејвид Камерон, Тереза Мер и Борис Џонсон.
My good friends @Reuters have put together this video to celebrate my decade in Downing Street #Larryversarypic.twitter.com/RdkqfbM0oO
— Larry the Cat (@Number10cat) February 15, 2021
Избран поради својот инстинкт на предатop, Лери е именуван за “главниот ловец на глувци”, а неговите претходници не ја понесоа оваа титула.
Во неговата биографија, која можете да ја најдете на официјалниот сајт на британската влада, се наведува дека Лери успеа да ги освои срцата на јавноста, а тој е главниот миленик на новинарите кои чекаат пред резиденцијата.