Лимузината која ја имаше својата премиера на 7 мај кога Владимир Путин положи заклетва откако повторно беше избран за претседател, го привлече вниманието на целата јавност. Овој пат очите на јавноста ги заплени нејзината внатрешност.
Претседателот на Русија Владимир Путин, својата лимузина му ја покажа на шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахјан, принцот престолонаследник на Абу Даб, кој беше во посета на Москва.
Додека се приближуваа до автомобилот, принцот рече дека автомобилот е малку поголем од “мерцедес”.