Со утринска литургија која започна рано утринава во 04.00 часот во сите храмови во Прилеп започна одбележувањето на празникот Богојавление – Водици.
Според традицијата веднаш по завршувањето на литургијата во дворовите на сите цркви се одржа и Богојавленскиот водосвет.
Прилепчани верни на традицијата го исполнија до последно место дворот на храмот Св. Благовештение.