Прилепчанецот Драган Бектеш кој веќе година и половина живее во главниот град на Австралија, Канбера, ја пренесе
преку океанот прилепската мајсторија за правење бурек, што од мал ја научи во Прилеп.
“Мојата пасија за правење на бурек започна пред повеќе од 10 години, а прв пат започнав да работам во бурекџилницата на мојот татко на 16-годишна возраст”, вели тој.
“Од самиот почеток развив почит кон процесот на правење бурек. Не го чувствуваш како работа, ако имаш искрена љубов кон тоа што го правиш. За да се стане бурек мајстор потребно е повеќегодишно искуство. Мојата цел е бурекот за биде препознатлив насекаде во светот”, додава Драган.
Видеото е дело на уште еден докажан професионалец и прилепчанец кој живее во Сиднеј, Христијан Конески, а му помагаше Христијан Николоски, исто така од Прилеп