После 11 години навивачите на Милан се израдуваа на титула во италијанската Сериа А.
Скудетото останува во Милано, но на титулата вечерва се радуваат навивачите на популарните росонери. Трката за титулата беше неизвесна до последното коло, а Милан успеа да запише уште една победа и со два бода повеќе да заврши на првото место во Сериа А.
Црвено-црните од Милано славеа на гостувањето на “Мапеи” стадионот кај Сасуоло со 0:3, а за тоа заслужни беа ветеранот Жиру со два и Кеси со еден погодок, како и Рафаел Леао кој ги запиша сите три асистенции за погодоците.
Итер во последното коло славеше со ист резултат над Сампдорија, но за одбрана на титулата им значеше само пораз на Милан.
Прилепските навивачи на клубот од “Сан Сиро” натпреварот го следеа организирано и заеднички ги бодреа своите миленици.
Еве мал дел од атмосферата: