(ВИДЕО) Прилепските гимназијалци со одличен перформанс за Денот на мајчиниот јазик

21 февруари е Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Од 2000 година, овој ден е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Веќе тринаесет години со ред, прилепските гимназијалци на најразлични начини го одбележуваат овој ден, со што даваат значаен придонес кон подигнувањето на свеста кај младите луѓе за важноста на мајчиниот јазик.

Оваа година дванаесет ученици од прва година под менторство на проф. Емона Јованоска ја продолжија оваа долгогодишна традиција. Под мотото „Говорете македонски – пишувајте со кирилица“, тие, посетувајќи го секој клас во училиштето споделија поважни факти за нашиот мајчин јазик и им укажаа на своите соученици на најчестите јазични грешки.

Нивниот настап беше динамичен, информативен, интересен и го задржа вниманието на учениците, а и на професорите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.