Британски „Мирор“ објави видео снимка од полицијата за време на претресот во домот на познатиот крал на попот Мајкл Џексон од 2003-тата година.
Како што претходно објавија американските медиуми Мајк Џексон имал голема колекција на детска порнографија во својот ранч „Neverland“. Ова стои во полициските извештаи од 2003-тата година, кои американските медиуми ги добија неодамна. Инаку „Мирор“ објави и видео снимка од самиот претрес во „Neverland“ што се случил во 2003-тата година.
За време на полицискиот претрес кој следувал по тврдењето на едно момче дека светски познатиот музичар на неколку наврати сексуално го злоупотребувал, пронајдени се многу фото албуми и снимки кои подоцна биле користени како материјал во
Според полициските извештаи, само во спалната и тоалетот на Џексон биле пронајдени најмалку 7 колeкции на фотографии и снимки на кои имало момчиња во тинејџерските години, а во некои случаи и помали. Тие биле сосема голи или делумно облечени.
Документите го разоткрија Џексон како манипулативен предатор луд за секс и дрога, кој користел крв и сексуално експлицитни фотографии од жртвување на животни и перверзен секс на возрасни за да ги натера децата да го прават она што сакал тој, вели еден од полицајците кои работеле на случајот.
Гавин Арвизо тврдеше дека кога имал 13 години и кога се борел со рак престојувал на имотот на Мајкл Џексон, каде пејачот сексуално го злоупотребувал.