Музичка соработка на Александар и Дац со нашиот еминентен тенор Благој Нацоски кој живее и работи во Џенова, Италија.
-Заедно ја отпеавме УШТЕ МИ ФАЛИШ на македонски и италијански како порака на солидарност и љубов во овие тешки времиња низ кои минува светот, па и македонскиот и италијанскиот народ..
П.С. Голема благодарност до Оливера Јовановска и семејството за прекрасната идеја и спојка со тенорот Нацоски во реализацијата – стои во описот на видеото.