Принцот Хари објави видео на официјалниот Инстаграм профил кој го имаат со сопругата Меган Маркл.
Принцот во моментов се наоѓа во татковината, додека неговата сопруга и синот Арчи се во Канада, по објавата дека се повлекуваат од кралските должности.
Ваквата одлука предизвика вистинска бура во јавноста и низа шепкулации, а одржан беше и состанок со кралицата.
По ова големо случување во кралското семејство, принцот Хари првпат се огласи во јавноста, но за да ги најави своите шести Invictus игри 2022 во германски Дизелдорф.
Станува збор за спортски настан кој е основан од Хари, а кој вклучува натпреварување меѓу ранетите или болни припадници на вооружените сили и воени ветерани во низа прилагодливи за нив спортови.
-Се надевам дека сите во Германија се подготвени за она што ќе биде неверојатна недела на спортот. Не се сомневам дека германската јавност ќе ги поддржи овие игри и дека уесник поединечно може да очекува срдечно добредојде и неверојатна атмосфера, порача принцот Хари.
Тој неколку дена ќе остане во Велика Британија, а кон почетокот на идната недела би требало да отпатува во Канада кај синот и Меган.