(Видео) После Сергеј Варошлија познатиот македонски камионџија му припука и на Зоки Фаци

Дарко Јефремов, македонскиот камионџија од Чикаго – САД, преку ноќ стана ѕвезда на социјалните мрежи со своето „Камионџија шоу“. Особено откако направи пародија на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија.

Илјадници следбеници кликаат лајкови, пишуваат коментари, го фалат… До душа има и такви кои го бранат македонскиот „моден гуру“ од 1ТВ, кој не собра храброст да му одговори на „фрлената ракавица“ на чикашкиот камионџија.

Арно ама, не мина долго, „вербалниот револвераш“ од камионџиската кабина одново се огласи на истата адреса. Нова Година доаѓа, па ред е и тој да има свое новогодишно „Камионџија шоу“. Варошлија, или како што тој го вика Серџо, одново мета на неговиот монолог, ама овој пат само за кратко. Главна ѕвезда во новогодишното издание е колегата на Сергеј, Зоки – „Фаци“.

Овој пат естрадниот новинар и водител на „Ексклузив“ се најде „на тапет“, или како што вели камионџијата, „на преглед“, во новогодишното „ситдаун шоу“ од камионџиската кабина на Дарко – „драјверот“!

Погледнете го новогодишното видео со шоуто на камионџијата и очекувајте водителите од 1ТВ империјата да го возвратат ударот.

Варошлија засега молчи, со куса најава дека на „непристојните“ видеа нема да им придава значење и третман во неговите модни коментари. И веројатно така треба… Само што, ова е малку… „повеќе од мода“!

Погледнете го видеото во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.