Судењето на деветмина осомничени, од кои 7 Срби, за убиство на Американецот Бакариј Хендерсон на Закинтос, започна на 21. септември во Грција, а покрај српските момчиња, на обвинителната клупа е и еден Грк и еден Британец со потекло од Босна и Херцеговина. Тие се обвинети во случајот за претепување на Хендерсон во ноќта меѓу 7. и 8. јули 2017 година во клубот „Бар код“ во местото Лаганас.
Се започнало по селфи фотографирањето на српската хостеса Даница В. со Хендерсон. Веднаш потоа дошло до расправија, а на снимката се гледа како еден од присутните разговара со Хендерсон, па му удира шлаканица. Потоа започнува тепачка, која завршува со смрт на Американецот.
Меѓутоа, снимките кои ги објавиле американските медиуми се сецкани, па не може со сигурност да се каже кој ја започнал тепачката.