(Видео) Популарниот “Ел Матадор” постигна погодок од 40 метри: Погледнете ја оваа мајсторија

Едисон Кавани во 37. коло од Премиерлигата погоди против Фулам (1-1) и се покажа како еден од најдобрите трансфери на Манчестер јунајтед во последните години.

Кавани пред крајот на сезоната има постигнато 16 голови и шест асистенции и си доби нов договор на уште една година, а тоа го прослави со прекрасен гол.

На едно коло пред крајот, вицешампонот Јунајтед и отпишаниот Фулам немаа натпреварувачки дух, но беа сведоци на најдобриот гол во сезоната.

Кавани ја прими топката на центарот, по што го забележа Алфонсо Ареаола дека е излезен од гол-линијата и го матираше од речиси половина терен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.