Полицијата во Берлин брутално претепа младо црномуресто момче поради наводна кражба на велосипед.
На видеото од настанот објавено на социјалните мрежи се гледа како минувачите се обидуваат да го прекинат насилството со викање и фрлање предмети врз полицајците, додека тие ги прскаат со солзавец.
Во соопштението поврзано со овој случај полицијата не спомнува никакво насилство , ниту во каква состојба е претепаниот. Во соопштението реакцијата на граѓаните е наречен ,,насилен отпор”.