Американскиот пожарникар Роберт Сатон фати бебе фрлено од вториот спрат на запалена зграда во Џорџија. Сатон изјави дека слушнал звуци од вториот спрат и видел новороденче на прозорецот.
– Слушнав како таткото на детето бара помош и го видов како виси на прозорецот со бебето во рацете и без размислување го пушти. Му ветив дека ќе го фатам – изјави новиот херој.
Ф.Г.