Интересно видео утрово се појави на фан страната на министерот за надворешни работи, заменик претседател на Владата и =носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, Никола Попоски.
Тој станал рано утрово и заминал на пазар. Си купи овошје и зеленчук и си направи муабет со пазарџиите.
Вели, пазарот е местото каде што се прави најдомаќински муабет.
Попоски има интересен стил на водење на својата предизборна кампања. За разлика од сите останати кандидати, кои главно се фокусираат на политички пораки Попоски наоѓа место да се прошета на пазар, но и да се качи на врвот на Водно.