Корисниците на социјалните мрежи ги осудуваат купувачите во супермаркетот АСДА откако беше објавена снимка од “тепачка за житарки”.
На снимката најпрво се гледаат три жени, на кои на крај им се приклучува и еден маж. Потоа доаѓаат вработените од обезбедувањето да ја смират ситуацијата.
Откако видеото беше објавено, јавноста изрази шок и разочарување поради кршење на правилата на социјална дистанца.