Фудбалерите на Победа продолжуваат да лутаат по стадионите ширум Македонија и својот домашен натпревар против Ренова за првпат оваа сезона го играа во Охрид.
Попладнево црвено-белите го нанижаа својот петти последователен пораз или десетти во последните единаесет натпревари.
Во Охрид победашите беа поразни од Ренова со 2:3 (0:2 на полувремето) и со тоа екипата останува “закопана” на дното од табелата.
Мустафов во 16-та и 18-та минута од натпреварот донесе брзо водство за Ренова од 0:2, а Победа се врати во игра преку пеналот на Танушев во 52-та минута. Веднаш потоа пеал и за Ренова, кој го реализираше Стојановски во 57-та минута, а црвено-белите уште еднаш го направија неизвесен натпреварот во 61-та минута, кога Танушев одново стрелаше за 2:3.
Сепак, прилепчани немаа сили за повеќе и забележаа нов пораз на крајот.
Состојбата на табелата е следна:
Со овој нов пораз, Победа останува на 18 бода, а опстанокот станува се подалечен.
Ќе се потсетиме дека актуелните локални власти ветуваа голем подем на спортот во Прилеп и враќање на Победа на самиот врв во македонскиот фудбал.
Актуелниот градоначалник Илија Јованоски дури и во неколку наврати бараше премија од 1 милион денари за црвено-белите.