Бразилскиот пилот Антонио “Тонијо” Сена, чиј авион се cpyшил сред прашумата на Амазон, преживеал 36 дена во дивината. Кога конечно го пронашле имал 25 килограми помалце.
Како што пренесуваат локалните медиуми, Сена на 28 јануари полетал од Аленквер, на северниот брег на реката Амазон, меѓутоа, моторот на авионот откажал, па морал принудно да слета.
36 дена го јадел лебот кој го носел со себе. Го пронашле група работници кои му сигнализирале на спасувачкиот тим.
“Во живот ме одржуваше само љубовта кон семејството и желбата да ги видам родителите, сестра ми и брат ми”.