(Видео) Пензионери чувале храна за птици во “Луј Витон” сандак: Сега се побогати за 11.000 долари

Сандак од луксузниот француски бренд “Луј Витон”, стар 150 години, е пронајден кај украински пензионери, кои во него чувале храна за кокошки не знаејќи за големата вредност.

Александар и Александра Сохранич од Мохнач не можеле да претпостават каков историски артефакт чуваат во куќата. Сепак, го сочувале бидејќи со години им служел за чување на различни работи. Се верува дека овој сандак припаѓал на некогашното кралско семејство (не на Боки 13).

Украинските пензионери со години го преместувале сандакот чувајќи во него храна за домашните животни, се додека нивниот роднина не ја проценил вистинската вредност. Тие веднаш го однеле сандакот во локалниот етнографски музеј.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.