“Еве еден чист став. Името не може да се решава без државен консензус. Не партиски, не владин, не етнички, туку државен. Тоа значи дека сите релевантни чинители, Влада и опoзиција, Албанци и Македонци, сите треба да се сложиме околу тоа што е црвената линија на Република Македонија. Јас тврдам дека ова прашање има толку големи пропорции и не засега сите, посебно Македонците, па легитимитетот кој владеачката партија го има добиено на избори не е доволен. Колку гласови имаат добиено, колку пратеници? Треба ли да имаме референдум на крајот од тој процес?”, вака зборуваше пред неколку години потенцијалниот консензуален претседателски кандидат од владеачката коалиција, Стево Пендаровски.
Тој додаде дека референдумот мора да биде облигаторен во спротивно ќе претставува манипулација на граѓаните. Пендаровски дури и знаел што значи успешен референдум:
Господине @spendarovski ич да не ви е криво ако не ве изберат, не се нервирајте, вие имате различен став за името од @Zoran_Zaev
Добро е што не го признавате референдумот и мислите дека е манипулација за народот, нема компромис за #Северна #Македонија pic.twitter.com/4YhlbM3Tml— Началникот (@Nacalnice) March 1, 2019