Претседателскиот кандидат на СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски најавуваше дека слободарските граѓани ќе му ја извадат душата на тој што ќе го промени името на државата, пишува „Економски лидер“.
Истиот тој Пендаровски сега го прифаќа името Северна Македонија и во јавноста се обидува тоа да го презентира како разумно решение.
Пендаровски претходно изјави дека не може туку така да се смени името, па дури и тврдеше дека илјадници граѓани душата ќе му ја извадат на тој што ќе го направи тоа.
“Имавме 600 муабети за името. Ќе го смениш името и никој нема да знае и утре ќе се викаме не знам како. Не може, мора да дојдеш во институции. Во тој момент јас ви тврдам, сите што беа, до последен, десетици и десетици илјади луѓе, во мај, на 17 мај, и сите слободарски граѓани душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го поддржал тоа. Нема да го остават во таа фотелја во која е”, велеше Пендаровски.
Извор: “Лидер”