Работниците со пламен го топат снегот и мразот од металната конструкција на Ајфеловата кула, а снежната покривка денес го парализираше друмскиот и железничкиот сообраќај ширум Франција.
Регионот Нормандија мораше да затвори поголем број на сообраќајници поради недостатокот на механизација за расчистување на патиштата.
“На ова време замрзнува платформата на Ајфеловата кула, па користиме фрлачи на пламен за да го растопиме снегот и мразот, бидејќи мразот лошо делува на металната конструкција”, соопштуваат од управата на Ајфеловата кула.
?? When negative temperatures return, my floors got partially covered with ice! ? To get rid of it, we need to use a blowtorch because ice-control salt is too corrosive for the metal.#EiffelTower pic.twitter.com/nkdgLVaUHf
— La tour Eiffel (@LaTourEiffel) February 9, 2021