Фосил на кит со четири нозе, стар 43 милиони години, е пронајден во Перу.
Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги 4 метри, биле прилагодени за живот и во вода и на копно.
Со четири екстемитети имал способност да ја носи својата тежина и големата опашка.
Истражувачите веруваат дека ова откритие би можело да ја расветли еволуцијата за китовите и како тие се ширеле.
“Ова е цел примерок на четвороножен кит”, вели Оливије Ламбер, научник од Белгија.
Древниот кит е пронајден во морските седименти во близина на брегот на Пацификот, во местото Плаја Меди Луна.