(ВИДЕО) Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп ги повика граѓаните да заокружат БРОЈ 1 за Македонија

slika

“Во периодот од 2006 па до денес покажавме како вистински се сака и се работи
за Република Македонија. Успеавме невработеноста да ја симнеме на најниски
24%, најниската пензија да ја зголемиме за 90%, да обезбедиме 160.000 нови
работни места преку странски и домашни инвестиции. Посветено работиме и
инвестираме во поддршка на земјоделството, градиме инфраструктура,
вложуваме во здравството и образованието, вложуваме во младите, свесни
дека само така ќе им обезбедиме на нашите сограѓани пристоен живот и
сигурна иднина”, посочи претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ- Прилеп, Петар Ристески.

Со програмата “РЕАЛНО“ на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра
Македонија за периодот 2017-2020 ние ќе продолжиме со уште поголема
посветеност да оствариме реални проекти преку кои ќе обезбедиме работа,
сигурност и напредок! Ќе отвориме нови 70.000 вработувања, ќе ги поддржиме
земјодделците со преку 600 милиони евра, ќе ги зголемиме пензиите и платите
за 50%, ќе продолжиме со модернизирање на здравството и ќе вложуваме во
образованието и во иднината на нашите деца и внуци кои својот живот ќе го
градат во Македонија.

Прилеп ќе добие две нови детски градинки, ќе се реконструира старата
чаршија, ќе добие нов театар а ќе се реконструира центарот за култура Марко
Цепенков, економскиот факултет и спортскиот комплекс Маркови Кули, ќе се
изградат 3 нови спортски сали и многу објекти за спорт, ќе се обезбеди
гасификација за секое семејство, ќе се обезбеди нова апаратура за
здравството и на младите ќе им се обезбедат подобри услови за вработување
и започнување на сопствен бизнис.

Кога сме кај вработувањата гордо можеме да потврдиме дека во Прилеп
влегува и трета странска инвестиција која само во 2017 година ќе вработи 1000
наши сограѓани а во најава е и уште една компанија која ќе вработи преку 600
лица.

Почитувани сограѓани,

Одбирате помеѓу реална програма и реални проекти и луѓе кои сакаат да ја разнебитат и федерализираат нашата татковина, да воведат двојазичност на целата територија и вашите деца и внуци да учат албански јазик, одработувајќи агенда на странски интереси. Бараат од вас поддршка преку паушални проекти и нереални ветувања. Велат дека ќе ја вратат средната класа во Македонија, а тоа се истите тие кои ја уништија, затворајќи многу фабрики и избркаа многу луѓе на улица, на што Прилеп многу добро се сеќава. Нивното лого е стегната тупаница, преку која се заканија дека кога ќе дојдат на власт ќе јадат живи луѓе и ќе бркаат од работа.

Токму затоа почитувани сограѓани, после две години вештачка политичка
криза, изборите на 11 декември и тоа како се потребни. Потребни се да се каже
НЕ на странските узурпатоски интереси, да се каже НЕ на манипулантите кои
сакаат да му наштетат на својот народ и да ја федерализираат државата и да
се каже НЕ на деструкцијата и хаосот.

Затоа овие избори се историски и референдумски! Ве повикуваме во недела,
масовно, како никогаш досега да излеземе на избори и да кажеме ДА за нови
вработувања, повисоки пензии и плати, да за подобар и достоинствен живот.
Гласајте за стабилна држава која ќе ја предводи Коалицијата за подобра
Македонија во која ќе се почитуваат националните интереси и уставот, бидејќи
вие сте тие што гледаат, согледуваат и одлучуваат!

Почитувани прилепчани,

Некои грешки се прават само еднаш и не се исправаат! Да не бидеме
генерацијата од која ќе се сраматидните генерации Македонци! Да не
направиме нашите поколенија и внуци да бидат кираџии во сопствената
држава!

Гласајте за БРОЈ 1 бидејќи знаете што е подобро за вас и за Македонија!

Да живее Република Македонија!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.