Градоначалникот на Општина Кисела Вода повикувајќи се на одлуките на Владата на Република Македонија, предложи да се промени статутот на општината така да прво печатот на општината, наместо досегашниот назив Република Македонија да го носи називот Република Северна Македонија – порачаа во текот на вчерашниот ден од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:
“Второ предлага секаде каде што се споменува зборот Република Македонија да се замени со зборот Република Северна Македонија.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија предложи оваа точка да се симне од дневниот ред на денешната седница при што предлогот беше едногласно усвоен од Sоветот на Општина Кисела Вода.
Почитувани граѓани, денес победи Република Македонија. Во Општина Кисела Вода и понатаму останува името Република Македонија.
Како советничка група, сакам за изразам големо задоволство дека денес извојувавме мала победа, но голем чекор и најава за падот на оваа власт.
Да живее Република Македонија!”