(ВИДЕО) Од 29. август до 1. септември, деветто издание на турнирот во чест на ракометната легенда “Миле Нешкоски” во Прилеп

Прилеп се подготвува за деветтото издание на меѓународниот меморијален турнир „Миле Нешкоски“, кој оваа година ќе се одржи од 29 август до 1 септември.

Покрај Прилеп, од Македонија тука се екипите на Еурофарм Пелистер 2, Куманово, Охрид и Тиквеш, додека единствен гостин од Србија е српскиот Врање.

Организаторите заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, денеска одржаа прес конференција на која ги соопштија деталите за најновото издание на турнирот.

Прес конференцијата можете да ја проследите во продолжение:

Охрид и Куманово ќе го одиграат првиот натпревар на турнирот, а на првиот ден ќе играат уште и пелагониските ривали, Прилеп и Еурофарм Пелистер 2.

Натпреварите ќе се играат на 29, 30 и 31 август, со финалето закажано за 1 септември.

Влезот за натпреварите од турнирот е слободен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.