Силно невреме проследено со силен ветер, пороен дожд, грмотевици и град, вчеравечер го зафати Долненскиот регион. Видеото е од с. Дебреште и се гледаат поплавени улици.
Невремето уништило земјоделски површшини со жито и тутун, а поплавени биле и повеќе куќи во с. Лажани и Кошино.
Невремето исто така предизвикало и прекин на електричната енергија во 80 отсто од општината.
А.Г.