Претседателот Ѓорѓе Иванов во денешното обраќање ја охрабри власта да започне со постапка за импичмент, објаснувајќи дека воопшто не се плаши од таквите зaкaни кои во последните неколку дена се актуелизираат преку медиуми блиски до владејачката СДСМ
Се плашите ли од импичмент? – прашаа новинарите, на што Иванов одговори „Не, ги охрабрувам да покренат таква постапка“. Претседателот најави дека не се плаши ниту од најавите за негово aпceње бидејќи како што вели, од „овие“ може сѐ да се очекува.
„Можат сѐ да направат, кога видовме што се случува во овој период додека се на власт човек не треба ништо да го изненадува. Но, постојат институции во оваа држава.“ – одговори претседателот Иванов на прашањето на уредникот на Инфмакс.мк за коментар во врска со најавите за негово пpиведување.
Во врска со најавата на грчкиот премиер Ципрас дека во ОН нации ќе бара дополнителен амандман со кој ќе се редефинира веќе признатиот Македонски јазик, како јазик од посебна група јазици, Иванов одговори дека самата изјава на грчкиот премиер е доволна потврда за вистинитоста на изјавите на Зоран Заев.
„Па еве ви го одговорот. Цело време премиерот тврди дека ни бил признат јазикот. Еве ви изјава, и самите вие ја потврдувате, до каде е признавањето на Македонскиот јазик од страна на Грција. Инаку тој јазик во регистарот на јазици во ОН никој до сега не го оспорил досега, сите го користат како Македонски јазик“ – одговори претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.
Извор: “Инфомакс.мк”