(ВИДЕО) ОД ОВАА ТАЈНА СЛУЖБА СТРАВУВА ЦЕЛ СВЕТ: Нема да ви се верува кои акции се нивно дело !

Израелската тајна служба е легендарна во меѓународните кругови и се верува дека стои позади најважните операции во минатиот век.

Меѓутоа само некои акции се појавиле во јавноста, но по неколку години откако се извршени.

Драматичната презентација на документи за наводната нуклеарна програма на Иран, која ја претстави премиерот на Израел Бенјамин Нетенијаху, е редок случај некој од израелските власти да излезе во јавност и да ги претстави активностите на тајната служба Мосад.

Израел обично не ги објавува подвизите на Мосад, поради страв дека тоа би можело да ги открие изорите на агентите. За акциите на Мосад главно се дознава дури откако целосно ќе се завршат или пропаднат. Но во најголем случај нивните акции ја остваруваат зацртаната цел.

Како најважна акција се смета апсењето на Адолф Ајхман во Аргентина во 1960 година, кој покасно е осуден на смрт поради неговата улога во Холокаустот.

Веројатно ни тоа не би било познато доколку во 2012 година од Мосад не објавеа податоци за таа акција.

Еден од најголемите успеси е и “инсталирањето” на човек, агент на Мосад, во највисоките редови на сириското водство.

Израелецот Ели Коен успеал да воспостави блиски контакти со политичкиот и воениот врв на Сирија во раните 1960-ти години, и да стане главен советник на сирискиот министер за одбрана. Иако е откриен во 1965 година, информациите кои ги добил во таа улога му помогнале на Израел да оствари победа во Шестдневната војна на Блискиот исток во 1967 година.

Мосад за свој голем успех го смета и пронајдувањето на “свиркачот”- откако Мордехаи Вануну, поранешен техничар во израелската нуклеарна електрана во 1986 година на британските медиуми му предал фотографии и детали за израелската нуклеарна програма, луѓето на Мосад го фатиле во Италија, го дрогирале, и тајно го вратиле во Израел, каде во затвор поминал 18 години.

Се верува дека агентите на Мосад се одговорни за низа убиства на палестински милитанти ширум светот и за убиства на неколку ирански научници кои работеле на нуклеарната програма, дури и за Имад Мунија, еден од најистакнатите команданти на Хезболах.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.