ВИДЕО ОД АПСЕЊЕТО НА НАРКОДИЛЕРИТЕ ВО ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА,,БРАНА“

Три лица на возраст од 35, 38 и 42 години се сомничат дека организирале мрежа на препродавачи и посредници и ангажирале повеќе лица за пренесување и продавање на дрога и психотропони супстанци, информира Министерството за внатрешни работи. Лицата се откриени при криминалистичко истражување „Брана“, а во рамки на оперативната акција „Мрежа“.

1

– За таа цел тројцата организатори ангажирале повеќе лица од кои двајца се веќе кривично пријавени за понатамошна продажба на марихуана, кокаин и екстази на територијата на Република Македонија, а со цел стекнување на противправна имотна корист. Од стекнатиот приход одреден процент добивале посредниците, но најголем дел го задржувале организаторите – информираат од МВР.

По извршените претреси кај пет лица од кои кај тројцата организатори и двајца посредници пронајдени и одземени се поголем број на предмети и средства за комуникација кои ќе бидат предмет на дополнителни испитувања и вештачења.

– Кај првиот осомничен на возраст од 33 години од Скопје пронајдени се бела полиетиленска кеса со тревкаста растителна материја како и прозирна полиетиленска кеса со растителна материја, воздушна пушка калибар 4.5 милиметри, мобилни телефони како и други предмети. Кај вториот на возраст од 35 години од Свети Николе, пронајдени се 31 шише и туба исполнета темно жолта течност, 16 семки од засега непознато растение, две полиетиленски пакувања со кафена прашкаста материја, мобилни телефони, и други предмети. Кај третото лице исто така од Скопје на возраст од 35 години, пронајдени се 2 полиетиленски кеси од кои едната со растителна материја а другата со бела прашкаста материја, дигитална вага и 49 банкноти во апоени од 1000 денари. Кај уште две лица исто така од Скопје на возраст од 38 и 42 години извршени се претреси при што се пронајдени повеќе мобилни телефони со сим картички како и патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки – соопштија од министерството.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.