Aмериканците кои живеат на североистокот од земјата забележале “огнена топка” на небото во неделата вечерта, а голем дел од нив успеале да ја “уловат” со камерите од мобилните телефони.
“Огнената топка” била видена над подрачјето Њујорк и Конетикат, но извештаи пристигнувале од целиот регион, наведуваат од Американското здружение за метеори.