(ВИДЕО) ОГРАБИЛ 200.000 ДОЛАРИ И СКОКНАЛ ОД АВИОНОТ: Од тогаш му се губи секоја трага -случајот кој со години ги измачуваше во ФБИ доби нов пресврт !

Човекот познат како Д.Б.Купер заканувајќи се со бомба го киндапирал авионот кој летал од Портланд до Сиетл на 24 ноември 1971 година.

Откако во Сиетл ги ослободил патниците и членовите на екипажот, на пилотите им наредил да полетаат за Мексико, а потоа со падобран скокнал од задната врата со 200.000 долари, некаде над шумите околу Вашингтон.

Никогаш повеќе не бил виден и ова е до ден денес еден од најмистериозните случаи во американската историја.

Од време на време ќе се појавеле некои теории кој би можел да биде мистериозниот Д.Б.Купер. Неодамна Карл Лорин од Мичиген им се обрати на медиумите, кажувајќи дека познатиот крадец му бил сосед.

“Тоа беше Волтер Река, мојот најдобар пријател и истакнат падобранец и ветеран од Мичиген”, рекол Лорин.

Тој дури и повикал конференција за медиуми во Гранд Репидс на која објавил снимки од разговорот кој го водел со Рек пред 8 години, во кои се откриваат детали за киндапирањето на авионот.

Роднината на Рек, Лиса Стори, вели дека нејизниот вујко бил често на другата страна од законот и поради тоа имал потешкотии да најде работа.

“Беше во Американската национална гарда, како падобранец во воздушните сили”, рекла таа. ФБИ ја прекинаа истрагата уште пред неколку години, а Река почина пред три години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.