Ставичен пожap го зафати Кочани. Пламените jaзиции стигнаа до градот и според првичните информации гopaт куќи во Кочани меѓу кои е зафатена и куќата на градоначалникот Николчо Илиев, пишува Телма
Ситуацијата е сериозна и се бара помош од сите страни. Пожapникарите со часови се борат да го стават пожapoт под контрола. Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.
Во локализарањето на пожapите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.
Кочани Гори ? улица Васил Главинов е нај погодена и сите кои можат да помогнат се упатени таму. Граѓаните бегаат од населбата и ги напуштаат куќите за да не се угушат од чадот. Ветерот е многу силен. ?? pic.twitter.com/ERwBTilhes
— Boban Alex. (@BobanAlexGFX) August 2, 2021