(Видео) Овие скали се направени од Свети Јосиф: Стојат во капелата веќе 130 години и му пркосат на законите на физиката

Овие “чудотворни” скали се стари 130 години, а годишно ги посетуваат 250 илјади посетители.

Капелата Лорето е изградена на крајот од 19 век. Кога капелата била довршена, калуѓерките забележале дека им недостигаат скали за галеријата.

Се молеле 9 дена на Свети Јосиф, кој бил столар, а последниот ден на нивната врата се појавил странец кој рекол дека е столар и дека ќе им направи скали. Сам, без никаква помош овој мистериозен човек направил скали кои стојат “сами”, без централен и потпорен столб, а столарот не користел ниту лепак.

Капелата Лорето крие три мистерии – до ден денес не се дознало кој ги изградил скалите. Сите инженери, научници, архитекти, признале дека станува збор за чудо. Исто така, не се знае од каде потекнува дрвото од кое се изработени скалите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.