Видеата од Русија секогаш ја шокираат јавноста. Па така и овој пат, а на видеото можете да видите како мали деца без облека трчаат на снег и потоа се бањаат со ледена вода. Приказната е уште поинтересна ако се знае фактот дека станува збор за Сибир, а овие деца имаат 5-6 години и одат во градинка. Во прашање е секојдневен ритуал кој според верувањата во ова место ќе влијае добро на здравјето на децата. Колку и да звучи страшно ова, децата кои поминуваат низ овој ритуал се возбудени и среќни. После играта на снегот ги очекува топол чај.