Околу 350.000 луѓе беа евакуирани од Чернобил после нуклеарната експлозија во 1986 година. На радијација биле изложени 8,4 милиони луѓе. Меѓутоа, ги имало и оние кои решиле да останат без оглед на тоа што водата, воздухот и храната биле контаминирани, како што се овие баби.
Тие решиле да останат таму и да ги убедат сите дека може да се живее без оглед на големата радијација, која е присутна во градот, а 400 пати поголема отколку во Хирошима по нукреарната катастрофа.
Луѓето затоа се сетиле и решиле да снимат филм за животот на овие бабушки во Чернобил. Режисерите Холи Морис и Ана Богарт го истражиле тоа подрачје и дошле до податоци дека таму живеат осум до 12 баби.
-Мене не ме плаши радијацијата. Ме плаши гладувањето, вели една од бабите. „Доколку си одиш од овде ќе умреш. Тие се во полоша положба отколку ние кои живееме овде. Татковината е татковина, никогаш нема да ја напуштам, ниту со пушка ако ме бркаат“.
Еден од реакторите на електранта „Владимир Илич-Ленин“- како што официјално се викала чернобилската нуклеарна електрана, експлодираше на 26 април 1986 година, во 1:24 часот после полноќ по локално време. На лице место настрадаа 31 лице.